Наводната транспарентност околу шиткањето на Сухоите (значи ја лажете рајата дека е донација, но сепак не можете да скриете), сепак втор месец нема ни трага, ниту глас од дебелата творба у МО…
Интервенција на Владата во обид да ја спаси од јамката околу вратот министерката за одбрана и криминалот кој е направен, се состоеше од три вчера (14 август) напишани одлуки (пак тајни, без никаков повод) за “донирање” на борбени авиони као демек била одлуката наша и независна… и … “суверена”…
Она што не го кажуваат е дека операцијата на нелегално шверцерско продавање е планирана уште од средината на мај, кога во земјава тајно се донесени неколку техничари од Украина, да ги расклопат змаевите на авионите, за да на 13 јуни (3 дена после денот на ВВ и ПВО) со помош на американски транспортни возови Ошкош од базата Бондстил се однесени по вечерно време (за помалку да се тревожи населението) до бугарската авио база Граф Игнатиево во Пловдив од каде им се губи трагата… Не е дека не знаеме, ама погоните на ремонтниот завод Георги Бенковски во Пловдив е местото каде најверојатно и украинците набрзо ги оспособиле македонските Су-25…
Зошто ова досега што е направено е криминал за кое и “Бучковски делови за тенкови” случајот е пичкин дим!? 🎬📷
Она што е криминал е начинот на кој е направено и со сите показатели, доказите се достапни.
Авионите Су-25 имаа неискористен ресурс (значи кријат и ја лажат јавноста дека демек не биле употребливи, туку напротив за 24 часа можеле доколку сакале да ги осппсобат и овде на Петровец) за што украинските техничари упатија честитки и респект за феноменално доброто конзервирање на авионите и особено неговите мотори… 🏅🏆🎖
Авионите биле набавени во екот на војната во 2001 година од Белорусија, преку Украина, по симболична цена од 2 милиони долари… Арно ама со развојот на војната во Украина, каде најбаран воздухоплов е Су-25 “некој” му текнало да профитира од истите… Поточно, ќе се “погрижи” како демек ќе потроши пари да ги “стави во функција” и да ги испорача на Украина во вид на донација. 🎀🎁
Цената на функционален авион Су-25 денес на пазарот изнесува ни помалку ни повеќе 10-11 милиони долари!!!
Праиме муабет за вкупна штета од над 60 милиони долари!!! 💵💶💷
Ај нема да спомнуваме како “три од карти” 8 пуни шлепери неискористено оружје, дополнителни резервоари, муниција 30 мм, проектили, наведувани и ненаведувани и резервни делови за макединските Сухои чија цена се движи од околу 15 милиони долари… Значи “грнето” полно само уште ќе видиме во чија сметка во Кипар или во Софија ќе легнат доларите… 💰💰💰
Наводно за се ова да се издеси “амин” во протекторатов дало Кале, кое најверојатно и учествува со некој процент на некоја од фаците на Брнз бандата… Сето тоа е направено уште пред тенковите да се натоварат… ☝😓
Нека Ви е среќен јубилејот АРМ… Тоа што Шеќеринска го планираше, Славјанка Ви го сервираше… Исечени се крилата на АРМ, вингот официјално и не постои, персоналот ќе си го бара чарето на еден Ух-60 Блек хок нов и четири користени како наводна замена за македонските авиони, кои сепак ќе треба да си ги платиме со учество од 60% …
Наскоро ќе видиме кој се планирал, да се офајди од другата опрема што допрвин ќе се шитка…
Кој сѐ се јавувал во ЛоМ од Прага и во Грузија да праша за можни локации каде да се стават во функција македонските Сухои, па одлучувал каде тоа да се напраи… И ред други гомнарии на што паѓале од смеење американците…
Муабетот со наводни НАТО стандарди на друго место прајте го… Бугарија “од пензија” истите авиони Су-25 ги врати со платен сервис во Белорусија и ден денес ги користи, а заедно со Словачка, не ни помислува “да ги подари” или шитне некому…
ПОВЕЌЕ ВЕСТИ
Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал
Николоски од Прилеп: Очекувам во 4-тата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ да освои помеѓу 13-14 пратеници
Стојаноска: Оваа власт заминува во неславната македонска историја, а Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ќе ја направат Македонија повторно горда и повторно твоја