
Се е целосно јасно. Жално е што СДС наместо да ги искористат своите позиции за да лобираат за Македонија тие ги штитат бугарските интереси, изјави Лефков.
Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Бојко љубави, те поздрави Зоки” дипломатијата на СДС ја доведе Македонија до бришење на македонскиот идентитет и јазик од Резолуцијата на ЕП, додаде тој.
„Откако Бојко Борисов вчера се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик се поставува прашањето каква е улогата на СДС, на Зоран Заев и Венко Филипче во сето тоа?
Особено треба да имаме во предвид дека Зоран Заев за Борисов велеше дека му е брат, а Стево Пендаровски му пренесуваше поздрави на Борисов од Заев ословувајќи го Бојко љубави.
Дополнително истиот тој Зоран Заев велеше дека македонскиот народ и бугарскиот се исти, и дека зборуваат ист јазик.
Кога ќе се земе сето ова во предвид, се поставува логичното прашање, дали СДС, Зоран Заев и Венко Филипче лично стојат зад предлогот за бришење на македонскиот јазик и идентитет од Резолуцијата на ЕП?
И истите овие структури, СДС и бугарските печурки во Македонија како Андреј Жерновски, ја напаѓаат Владата на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски“, потенцира Лефков.
Се е целосно јасно. Жално е што СДС наместо да ги искористат своите позиции за да лобираат за Македонија тие ги штитат бугарските интереси, изјави Лефков.



ПОВЕЌЕ ВЕСТИ
Македонскиот пазар на електрична енергија се шири со поддршка на словенечката берза – започнува пазарот во тековниот ден (Intraday Market)
АВМУ изразува сериозна загриженост за континуираните етикетирања и јавни напади од страна на СДСМ кон медиуми и новинари
Дел до автобусите на ЈСП не сообраќаат до крајните дестинациии во приградските населби