
Деновиве „мета“ на медиумите на СДС и нивната новинарска ергела катализирана од интернет-троловите (не дека разликата е голема) е директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Во прва смена по девалвацијата на Миле Лефков, вработените во СДС Фабриката се насочуваат кон него. Некогаш и обратно, зависно од смената и задачата која им ја задал Забрчанец. Велат Филипче не го правел ова, затоа што не го разбирал истото. Тој бил задолжен одвреме-навреме да „тресе“ лажни анкети од ракав. Во кои СДС „тепа“ на терен (СФ белетристика). Без извор, време на изведба, примерок, изведувач, нарачател. Така им било поевтино, па го баталиле Спасов на чии анкети по сите резили и онака, никој веќе не им верувал.
Еве еден класичен пример на ФОТО-МОНТАЖА, за која неупатените очебијно не знаат дека е многу лесно да се утврди со обични интернет алатки за споредба на фотографиите и наоѓање ан вистинскиот извор. Коментарот е непотребен/сувишен…
Во постот на секогаш „критички“ настроениот кон оваа власт, професионален и непристрасен колега новинар, искористена е фотографија која нема никаква врска со инсинуираниот настан за некакво возило од Министерството за земјоделие кое демек чини колку половина ново ПП возило.


Упс!
Секоја сличност со горенаведените штети на СДС е не/намерна.
Избори се ближат, избори се ближат, отворете си ги очите…



ПОВЕЌЕ ВЕСТИ
Културното лето во Ѓорче Петров финишира: Патриотски песни, музика за деца, џез, хорски изведби и многу пиво и забава со македонските поп-рок ѕвезди на пивскиот фестивал „Октобарфест“
Лефков: Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот
Нов здравствен дом во Илинден, континуирана соработка помеѓу општините и централната власт е модел за функционална држава во корист на граѓаните