Под мотото „Каде бајките оживуваат“ ќе се одржи 12. издание на Меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје Фест“. На Фестивалот ќе бидат прикажани 25 анимирани филмови во официјалната програма и девет анимирани филмови наменети за детската публика.
Филмовите во официјална конкуренција се избрани од огромен број анимации, меѓу кои и од Франција, Велика Британија, Германија, Шпанија, Русија и Бразил.
Голем дел од филмовите кои се борат за „Златната тула“ се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија.
Годинашната жири комисија ја сочинуваат Мими Ѓорѓовска Илиевска, Лазе Трипков и Илчо Симовски.
Официјалната програма почнува во 20 часот, а проекцијата на филмови за деца ќе се одржи утре со почеток од 17 часот кога публиката ќе има можност да гласа за најдобриот филм за деца.
„Анимакс Скопје Фест“ е прв фестивал на анимиран филм во земјава. Целта е да се подигне свеста и културата за анимираните филмови за возрасни и деца. Фестивалот го организира продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје и Кинотека на Македонија и со поддршка од Град Скопје.
Фестивалот ќе се одржи во Кинотеката, а проекциите се бесплатни.



ПОВЕЌЕ ВЕСТИ
Културното лето во Ѓорче Петров финишира: Патриотски песни, музика за деца, џез, хорски изведби и многу пиво и забава со македонските поп-рок ѕвезди на пивскиот фестивал „Октобарфест“
ФАТЕНИ ВО ФОТОМОНТАЖА: Утврден „рецептот“ за ширење ЛАЖНИ ВЕСТИ
Лефков: Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот