МЕГАФОН

ВИКНИ ГЛАСНО

ОТСЕГА СИТЕ СПОРТСКИ СОДРЖИНИ СЕ НА АРЕНА СПОРТ

Компанијата Телеком Србија успешно го реализираше купувањето на одредени права,
лиценци и друг имот поврзан со каналите на Sport Klub за територијата на Западен Балкан
(Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) од компанијата United
Group.
Со реализацијата на оваа трансакција, сите љубители на спортот во Северна Македонија
добиваат можност да ги следат сите спортски натпревари на едно место – на
телевизиските канали Арена Спорт. Иако и досега гледачите на Арена Спорт уживаа во
богата понуда на најпрестижни спортски натпревари, сега таа листа е комплетирана и
Арена Спорт станува место за следење на најгледаните преноси од најпопуларните светски
натпревари и спортови. Најдобрите европски фудбалски лиги (англиска, шпанска,
италијанска, германска и француска), најдобрата кошарка (НБА, Евролига, АБА лига),
најдобрите тенисери на денешницата, се на едно место, е сценарио кое претходно беше
незамисливо за сите љубители на спортот. Секако, не треба да се заборави дека
најатрактивните натпревари во ракомет, одбојка, ватерполо, боречки вештини, трките во
Формула 1 и Мото ГП, како и голем број специјализирани канали и емисии, сега се сите на
иста адреса – телевизијата Арена спорт.
Изразувајќи го своето задоволство што љубителите на спортот конечно ќе ги имаат сите
спортски содржини на едно место, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир
Лучиќ, изјави: „Во спортска смисла, би рекол дека ова е, пред сè, победа за сите љубители
на спортот. Важно е да се истакне дека „Арена Спорт“ ќе им обезбеди на гледачите
невиден опсег на спортски содржини кои ќе бидат достапни за корисниците на Телеком
Србија и за сите останати. На овој начин, Арена Спорт станува синоним за спортот во
Северна Македонија и регионот и сите се надеваме на нови успеси за нашите спортисти за
чии успеси ќе сведочиме на Арена каналите. Исто така, ова е нова ера за Арена Спорт, која
ќе стане еден голем профитен центар и значително ќе ги рационализира цените на
странските спортски содржини, притоа обезбедувајќи дополнителни приходи од
маркетинг.
Како и досега, гледачите на Арена Спорт ќе имаат можност да ги следат најдобрите
домашни и регионални спортови, како и натпреварите на репрезентациите.
Арена Спорт ќе отвори повеќе нови канали и ќе вложи дополнителни продукциски напори
со цел да им овозможи на корисниците најдобро искуство за следење спортски преноси во
живо и специјализирани емисии.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
onpost_follow