Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
Муса Куса беше либиски разузнавач и подоцна еден од најактивните министри за надворешни работи на режимот на Гадафи. Тој беше ревносен бранител до последниот час на сите политики на системот, но пред да падне Гадафи го напушти и подоцна замина во егзил, прикажувајќи се за жртва, но и бранител на прозападните вредности против кои се бореше кога беше на државна функција. Во реалноста, ниту режимот на Гадафи го почитуваше и истиот го сметаа за грешка, ниту пак западните држави го сметаа за релевантен борец против тоа што Гадафи го претставуваше. Ова го пишувам затоа што многумина од власта, кои до последниот час го бранат неодбранливото, потребно е да го видат примерот во кој безмалку се претвараат, кога налудничаво произведуваат лаги, шпекулации и наметнуваат погрешни претстави.
Потребно е човек и во поразот да биде достоинствен, но очигледно овие денови истите оние кои се причина за тоа народот да биде незадоволен го загубија и тоа малку достоинство што им остана.
Како одговорен за Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и за кампањата, се чуствувам повикан да одговорам на сите оние прозивки кои во последно време доаѓаат од ДУИ и Бујар Османи дека кампањата и слоганот биле шовинистички, или пак оние од СДСМ дека Македонија повторно твоја, значело враќање на некаков режим… И сочекав да видам дали е ова најдоброто што можат да го произведат, но очигледно, тоа е единственото нешто што и можеа да го кажат, во отсуство на реален наратив.
Тврдењето на домашниот Муса Куса во обликот на Бујар дека ВМРО-ДПМНЕ има шовинистички слоган потекнува пред сè поради различното поимање и гледање на Македонија. Тој, на државата која го плаќа гледа како за туѓо ткиво, терајќи етноцентрична агенда која гледаме дека завршува во милионски грабеж грубо злоупотребувајќи ја судбината и на Албанците и на Македонците. А ние на Македонија гледаме како на наше единствено парче земја, едно исто небо, кое ги обединува сите луѓе што живеат во неа. И практично, Македонија повторно твоја е огледалото на неговата немоќ да се спротивстави на концептот кој го надминува она што досега го претставуваше ДУИ, партија која ја монополизираше темата, но и ја киднапира слободата да се говори за правата на Албанците од еден поинаков неполитички и чисто граѓански апсект, ним многу поважен. Затоа што, на крајот кога ќе се сведат сметките, не е важно колку Артан или Бујар ќе повторат ЕУ, ЕУ, туку колку ќе може народот да си ги плати сметките и да обезбеди пристојна живечка за своите семејства.
И ќе треба да им објаснат на Албанците како е можно тие да живеат со 200 денари на ден, а Артан и Бујар со по 2000 евра на ден. И колку да ја продуцираат темата на поделба на граѓанското ткиво и да јаваат на бранот на Македонци и Албанци, на западна и источна Македонија, на лев и десен брег на Вардар во Скопје, иако звучи клише, тие зборови ја потврдуваат вистината и овој пат дека нема ваша и наша, нема сдсмовска, вмровска, има само една Македонија.
И освен граѓаните ја злоупотребија и довербата на партнерите на државата кои и мислат добро на земјава, затоа што тоа е и систем на вредности и начин на живот, каков ние немаме и како оваа власт во заминување нема ниту намера да има и да застапува. Тоа го бараат и граѓаните. Власта кога ќе каже ЕУ, мисли на завеса со која го покрива срамот од криминалот, ние кога ќе кажеме ЕУ мислиме на вредности за кои ќе се бориме со аргументи и работа.
Што се однесува до тврдењата на СДСМ за наводно повторно враќање на режимот, за некакви си епски битки и отпор на СДСМ, од кои на крајот се сеќавањата за протестите за заштита на пеперутките во Пештани, кога денес молчат за Онкологија, а тогаш кога протестираа за кучето Идриз, кога денес молчат за 14 живи изгорени во модуларната болница во Тетово, Венко им е визионерот и најдобриот избор во 4та ИЕ, а тогаш протестираа за малечката Тамара, и тогаш кога славеа за укинатата радиодифузна такса, а денес кога си подмолчуваат за двоцифрената инфлација. И тогаш кога велеа дека ја бранеле слободата, а денес кога отворено се караат и се пресметуваат со медиуми и новинари… таквото лицемиерие секој ден одново им се удира од глава.
Исто како што е лицемерие да се говори за режим, а толку гласно, ревносно, со воодушевување и изразена насмевка на лицето како стрип јунак од Монти Пајтон, Ковачевски аплаудираше на отворањето на новата зграда на Стариот Театар. Исто како што е вештачка и неприродна наметнатата амнезија дека ДУИ, денес најдобриот партнер на СДСМ, тогаш беа власт во тој период и се дел од сите одлуки врз кои денес го градат тој мит. И на крајот, ставовите за борба против некаков режим, седум години потоа, се тотално ирелевантни, затоа што вистинското и суштинско прашање е како се живее денес. Проблемот е што денес 600 илјади луѓе живеат со 150 денари на ден, системот што е создаден да служи на народот, служи на стотина луѓе од власта.
И го немате правото за да говорите за слобода и демократија, затоа што во времињата кога најмногу говоревте за правда и право, тогаш најмногу крадевте и во исто време ја газевте правдата. Затоа што го посеавте семето на злото, и тоа во моментите кога малтретиравте стотина луѓе по судови, кога внесувавте прво во пртивори, а дури потоа измислувавте обвиненија, и кога главните ликови на криминалот се нечепнати, а лисиците на обични граѓани го викавте „еве дојде живтот“. И за себе ја задоволувавте суетата, а го храневте гневот кај сите останати кога малтретиравте луѓе со милион истраги од кои не произлезе ништо, и тогаш кога се удиравте во гради дека ќе ја згаснете ВМРО, а вашите апологети безобѕирно го хранеа вашето его ситејќи се над туѓите несреќи. Прашајте ги и тие луѓе од медиумите кои ги малтретиравте со истраги и обвиненија, кои ги етикетиравте и бесрамно жигосувавте, а и тие кои тогаш силно ве поддржуваа дали ги направивте вистински среќни или по малку направивте да се срамат од вас. Да не зборувам оние кои пак грубо и денес ги злоупотребивте и на кои гледате како на производна машина за лажни вести од вашиот штаб.
Затоа и жестоко ќе изгубите. И нема да ве спасат не само некакви фалсификувани документи или оперативни планови со кои влеговте во кампањата, ниту 100-тина Асафци или какви и други мешетари кои ви даваат совети од кои треба да си ги побарате парите што ви ги земале, затоа што оваа ваша кампања не само што има спот во кој Ковачевски го промашува голот, туку во својата суштина со своите пораки жестоко го иритира народот и го потсетува зошто треба да ве казнат.
И не заборавајте, бранот што сега ви се случува започна и во моментите кога пред неколку години неколкумина од нас ви протестираа на улиците за штетните договори а вие молчевте, кога ВМРО правеше маршеви и велеше не го слушате народот, државата ја уништувавте, а вие седнати во авиончето лажевте дека сте донеле датум за преговори. Почнавте да паѓате кога арогантно започнавте да се карате и со медиумите, кога мислевте дека можете да удрите и по образованието, да крадете и од печатење на учебници кои ги нема, и да оставате пациенти без лекови и да ги малтретирате докторите и дека сево ова ќе помине. Чекајте го бранот на промени, тој ќе дојде на 8-ми.
И тој револт на народот нема да биде само поради купувањето на Соравија од голобрадо дете, или поради делењето на шамарите во контролата на летањето. Ова се само последните скандали во редицата скандали и криминали поради кои ќе паднете. А имаше безбројно многу. Револтот е и поради името, и поради договорот со Бугарија, и поради модуларната болница, и поради тендерите во РЕК, фалсификуваните пасоши, поради крвавите раце на министрите во здравството… Сметката е отворена, а наплата се собира.
Македонија повторно твоја е и концепт кој укажува на тоа дека државата создадена за народот во моментот ја нема, не функционира и е киднапирана од стотина политичари на ДУИ и СДСМ, а сите останати се од втор ред. Овој концепт е едноставна рефлексија на тоа што е гола реалност, но и дека ВМРО-ДПМНЕ мора да учи од грешките на сите минати власти и не смее да ги повторува, затоа што народот не смее да се изневери. Овој концепт го нуди сето ова, додека власта не го согледува бидејќи е длабоко забраздена и надвор од реалноста.
Народот е мудар и доаѓа време на надеж и верба во принципи и вредности кои мора да победат. Испораката е на 8-ми мај. Останете така. Следува одговорност. Сигурно е само дека Македонија се враќа кај народот.
Со почит,
Луке Галески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
ПОВЕЌЕ ВЕСТИ
Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал
Николоски од Прилеп: Очекувам во 4-тата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ да освои помеѓу 13-14 пратеници
Стојаноска: Оваа власт заминува во неславната македонска историја, а Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ќе ја направат Македонија повторно горда и повторно твоја