Напорите во Европа да се промовира употребата на вакцини преку сертификати кои докажуваат имунизација, негативен резултат од ПЦР тест или докази за прележан коронавирус, наложија голем број правила.
Ова се некои од најбизарните правила додека Европејците се подготвуваат за уште една сезона на зимски одмори засенета од заканата од пандемија:
Чешкo „традиционално колење свињи“
Сертификатите за вакцинација станаа задолжителни при посета на разни јавни настани низ Европа. Во Чешка, регулативата важи и за забавите за колење свињи, предбожиќна традиција во која месар доаѓа во домовите на луѓето за да обезбеди месо за празниците. Регулативата вели дека се потребни ковид-потврди за вакцинација за учество на овие „забави за колење свињи“ и дека на настаните, на кои обично присуствуваат само неколку членови на семејството, можат да присуствуваат до 1.000 луѓе.
Место за танцување во Англија
Во Англија веќе се бараат сертификати во ноќните клубови и пабови со подиум за танцување или „простор за танцување“. Сепак, условот за во угостителските објкти важи само од 01:00 часот, што значи дека посетителите можат да одат во клубовите пред ова време и нема да им се бара ковид-потврда. Сопствениците стравуваат дека по 01:00 часот ќе мора да бараат од персоналот да помине низ подиумот за да провери дали гостите поседуваат сертификат за вакцинација.
Заштитени парохии во Грција
Посетата на божиќните богослужби во грчките цркви стана нешто како главоболка. Во ноември, Владата нагласи дека невакцинираните луѓе мора да приложат негативен резултат од брз тест или доказ за вакцинација за да можат да одат в црква. Управното тело на Грчката православна црква, каде што многу свештеници изразија скептицизам во врска со вакцините, соопшти дека не може да ги проверува на влезовите на црквата.
Политика за вакцинација во Летонија
Во Летонија се суспендираат функционери доколку немаат сертификат за вакцина. Досега суспендирани се 19 општински советници низ државата. Според новите правила, нивните места времено се доделуваат на второпласираните на изборите, кои првично ги доведоа на власт. Суспендирана е и членката на националниот парламент, Јулија Степаненко, ко-основач на партијата Латвија на Прво место!
Сертификат на литвански бензински пумпи
Потребна е ковид-потврда за да се посети бензиска пумпа во Литванија. Претходно, правило беше дека луѓето без сертификат за вакцинација можат да влезат на бензинските пумпи, но само до 15 минути. Секој што не поседува, сепак може да плати за бензин за својот автомобил со кредитна картичка ама од надвор. На лицата кои не се сертифицирани во Литванија, исто така, не им е дозволено да посетуваат големи трговски центри, спортски сали или спа-центри. Не им е дозволено да влегуваат во ресторани, но можат да купат храна за дома или да користат седишта на отворено – неверојатна можност бидејќи температурите во главниот град Вилнус достигнуваат минус 10 степени Целзиусови.
ПОВЕЌЕ ВЕСТИ
Американскиот проект Манта Реј повеќе не е врвна тајна
Архангел на специјалните сили
„Не во наше име“: 400 уапсени на демонстрациите предводени од Евреи во Големиот централ на Њујорк со барање за прекин на огнот во Газа