МЕГАФОН

ВИКНИ ГЛАСНО

„Мајмунски орхидеи”

Природата на моменти навистина е многу чудна и непредвидлива.
Си поигрува со нашето гледање на нештата, не става во недоумица и не тера да се запрашаме, како некои работи е можно да постојат и да ги има? Одговор на овие прашања секако дека нема да добиеме, бидејќи нема кој да ни го кажи, но треба да сме свесни дека околу нас имаме толку многу големо природно богатство, толку многу работи кои мајката природа ги извајала и ги оформила по нејзин терк, работи кои треба да ги зачуваме, бидејќи тие се нашето најголемо природно богатство.

Прекрасните цветови на орхидеите кои растат во Еквадор, не само што се препознатливи по специфичниот и пријатен мирис, тие исто така се посебни и невообичаени за многу луѓе, бидејќи нивниот цвет многу наликува на животното мајмун.

Овие така наречени „мајмунски орхидеи”, се одгледуваат во специјализираната фарма за одгледување на орхидеи Ecuagenera, која се наоѓа во Еквадор.
На почетокот биле пронајдени во тешко пристапните шуми во Перу, а подоцна со големо внимание, дел од нив биле пресадени на фармата, каде сега ги има во огромен број и претставуваат вистинска атракција затоа што се посетувани од огромен број љубопитни туристи.
Растат на надморска височина од 1000 до 2000 метри, имаат мирис кој потсетува на портокал и нивното научно име е Dracula simia.

Погледнете ги овие неверојатни мајмунски орхидеи!

мајмунски оргидеи, majmunski orhidei, orhidei, орхидеи
мајмунски оргидеи, majmunski orhidei, orhidei, орхидеи
мајмунски оргидеи, majmunski orhidei, orhidei, орхидеи
мајмунски оргидеи, majmunski orhidei, orhidei, орхидеи
Мајмунски орхидеи, majmunski orhidei, orhidei, орхидеи
Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
onpost_follow