Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, е голема желба на Ливерпул во зимскиот преоден рок. Англискиот клуб има намера да ја искористи послабата минутажа и подредената улога на поранешниот играч за врска Рен на „Сантијаго Бернабеу“ и да се обиде да го привлече на „Енфилд Роуд“.
Тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти, неодамна истакна дека талентираниот Французин мора да сфати дека за конкуренција има имиња како Лука Модриќ, Тони Крос и Кашемиро кои се најдобри на своите позиции во светот и дека треба стрпливо да ја чека својата шанса.
„Камавинга и Валверде мора да напредуваат и да разберат дека во иднина ќе ја преземат улогата на лидери“, изјави италијанскиот стратег.
Од друга страна, на Ливерпул му е потребен фудбалер за врска од калибарот на Камавинга и менаџерот Јирген Клоп бара од раководството на клубот да се обиде да го доведе.
ПОВЕЌЕ ВЕСТИ
ОФИЦИЈАЛНО: Гисласон останува селектор на Германија до 2024 година!
Кога Роналдо за првпат прослави гол на својот легендарен начин?
Чеферин: Крајот на Суперлигата е најголемата победа во 2021 година