МЕГАФОН

ВИКНИ ГЛАСНО

Го знаеме како доктор Али од хит серијата на Сител, во приватниот живот оженет е со познатата актерка

Триесет и петгодишниот турски актер Танер Олмез ја освои тамошната публика со улогата на аутистичниот доктор Али Вефа во хит серијата „Чудесниот доктор“ (Mucize Doktor), која се емитува и во Македонија секој работен ден на Сител телевизија и која го привлече вниманието и на македонските гледачи.

Необичната серија наиде на голем успех во турската јавност, поради што истата се емитува и во балканските земји. Главен лик во серијата е Танер Олмез (Али Вефа), аутистично момче кое е оставено од своето семејство по смртта на неговиот мал брат.

Израснат во сиропиталиште, со диплома од прв степен на Медицински факултет, Али станува помошник хирург во една приватна болница, каде ја покажува својата чудесна способност да им помага на луѓето.

Во приватниот живот, актерот е женет со неговата колешка Еџе Чешмиоглу, со која се венчаа во јуни годинава. Тие неодамна добија вести со кои ги израдуваат нивните обожаватели. Турските медиуми месецов објавија дека парот чека принова.

Танер Олмез неодамна објави фотографија од својата сопруга и на фотографијата се виде дека стомакот на убавата актерка почнал да расте. Еџе Чешмиоглу е актерка родена на 26 ноември 1990 година.

Чешмиоглу, која дипломирала на отсекот театар на Универзитетот за ликовни уметности Мимар Синан во 2015 година, ја започна својата актерска кариера во 2002 година со ТВ серијата „Децата не слушаат“, но таа беше најпозната по улогата на Черен во ТВ серијата „Ики Ајле“.