МЕГАФОН

ВИКНИ ГЛАСНО

Втор година по ред Божиќ по грегоријанскиот календар се прославува со рестриктивни мерки

Милијарди луѓе ширум светот се подготвуваат денеска повторно да го прослават Божиќ во услови на пандемија со Ковид-19 и ширењето на сојот омикрон, поради што се воведени нови ограничувања ширум светот.

Израел и годинава ги затвори границите поради што нема да имаа аџии за Божиќ во Витлеем. Меѓутоа, во Стариот град во Витлеем беше организирана празнична поворка, која започна во девет часот по локално време, недалеку од храмот Христово раѓање. На маршот присуствуваа Палестинци и странци кои живеат во Израел.

Како и минатата година, во храмот Христово раѓање ќе се служи празнична полноќна богослужба со учество на мал број верници, како што налагаат правилата за борба против коронавирусот.

Во Ватикан традиционалната Божиќна миса ќе ја отслужи папата Франциск во 19.30 часот по локално време во базиликата Свети Петар, а утре папата по повод Божиќ ќе го даде традиционалниот благослов „Урби ет Орби“ (Urbi et Orbi).

Божиќните прослави во Холандија, САД и Шпанија ќе бидат обележани со ограничувања поради Ковид-19 и откажување на некои настани поради ширење на сојот омикрон.

Сепак, милиони Американци се подготвуваат да патуваат за време на празниците.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
onpost_follow