Поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон (43), кој 21 сезона мина во торинскиот клуб, изјави оти „Старата дама“ ја загубила тимската ДНК со доаѓањето на Кристијано Роналдо во 2018 година.
– Јувентус можеше да ја освои Лигата на шампиони првата сезона од доаѓањето на Роналдо, но не ја освои, а јас не можев да си објаснам зошто така се случи. Тоа беше сезоната која ја минав во ПСЖ, изјави Буфон за ТВ мрежата TUDN.
Легендарниот италијански голман по една сезона мината во парискиот клуб се врати во Јувентус.
– По моето враќање во Јувентус две години соработував си Роналдо и добро се согласувавме. Меѓутоа, јас мислам дека клубот ја загуби тимската ДНК. Во 2017 година игравме во финалето на Лигата на шампиони и бевме екипа полна со искуство, и што е уште поважно делувавме како една целина. Имаше натпреварувачки дух внатре во екипата, а со доаѓањето на Роналдо тоа го загубивме, посочи Буфон.
Тој со Јувентус освои десет италијански титули, но не успеа да триумфира во Лигата на шампиони. Ова лето Буфон се врати во второлигашот Парма каде и ја почна својата кариера.
ПОВЕЌЕ ВЕСТИ
ОФИЦИЈАЛНО: Гисласон останува селектор на Германија до 2024 година!
Ливерпул го сака Камавинга на „Енфилд Роуд“
Кога Роналдо за првпат прослави гол на својот легендарен начин?