По повод новогодишните празници, Националната опера и балет (НОБ) на големата сцена ќе ја изведе божиќната балетска бајка „Оревокршачка“, а исто така најавени се и три изведби на 24, 25 и 28 декември.
– Првпат балетот „Оревокршачка“ бил поставен на сцената на Националната опера и балет на 2 декември 2001 година, од тогаш до денес редовно се изведува на нашата сцена за време на новогодишно-божиќните празници. Оваа година е јубилејна, 20 години од првата изведба на балетот „Оревокршачка“ пред македонската публика, соопштија од НОБ.
Со величествената музика на Чајковски, по кореографија на Василиј Иванович Ваинонен од Русија, претставата е пренесена од Михаил Крапивин од Русија, сценограф е неговиот сонародник Анатолиј Нежњи, а костимограф е Љупка Ристовска.
– Балетот „Оревокршачка” е волшебна, новогодишно-божиќна бајка, мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред Нова година, секоја година, псоочуваат од НОБ.
Во главните улоги настапуваат Мими Поп Алексова Атанасовска, Бобан Ковачевски, Ела Канер од Турција во претставата на 24 декември. Ивана Коцевска, Балаж Лашеи од Унгарија, Ела Канер од Турција во претставата на 25 декември, а Христина Наќевска, Балаж Лашеи од Унгарија и Ела Канер од Турција во претставата на 28 декeмври.
Настапуваат првенците, солистите, балетскиот ансамбл при Националната опера и балет и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.



ПОВЕЌЕ ВЕСТИ
Културното лето во Ѓорче Петров финишира: Патриотски песни, музика за деца, џез, хорски изведби и многу пиво и забава со македонските поп-рок ѕвезди на пивскиот фестивал „Октобарфест“
ФАТЕНИ ВО ФОТОМОНТАЖА: Утврден „рецептот“ за ширење ЛАЖНИ ВЕСТИ
Лефков: Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот